Што претставува ласерски третман на пародонтопатија (заболување на забно потпорните ткива)?

Ласерската обработка е метода користена при парадонтална болест ( воспаление на забната потпора) или гингивална болест (воспаление на жлебињата) и користи ласерска светлина наместо скалпел и сутури. Тоа е минимално инванзивна и далеку покомфорна метода за разлика од традиционалните третмани поврзани со парадонталната болест.

Првин, стоматологот употребува ултразвучен инструмент и мали рачни инструменти за да го отстрани плакот и забниот камен наталожени на коренот од забот. Потоа, употребува мал ласер со усмерена светлина помеѓу гингивата (жлебината) и забот отстранувајќи го со тоа околното заболено ткиво. Воедно, со употребата на ласерот, драстично ќе дојде и до намалување на бактериите наталожени во тој предел. На крај, третираното место целосно ќе се исчисти и ќе му се овозможи на Вашето тело природно да се залечи.

Третманот е практично безболен меѓутоа можно е понекогаш, поради Ваш комфорт, да се употреби анестезија. Честопати има одредена непријатност при постапката, но е минимална и исчезнува прилично брзо.

Заздравувањето на гингивата многу зависи од степенот на воспалинето на гингивата пред третманот. Генерално, заздравување трае две до четири недели. На подлабоките парадонтални џебови им е потребно неколку месеци за да се излечат.

Вообичаено се потребни две посети и неколку пост-тераписки контролни прегледи. По завршувањето на третманот потребни се редовни контролни прегледи, еднаш на секои три месеци.

Вашиот стоматолог може да одговори на сите прашања во врска со третманите. Запомнете дека одржувањето добра орална хигиена во домашни услови значително ќе ги намали Вашите шанси за заболување од гингивата (жлебината), како сега, така и по вашиот третман.

Должината на третманот многу зависи од Вашата почетна состојба  т.е. интензитетот или степенот на заболување. Првично,  третманот секогаш се фокусира на темелно чистење од плак и забен камен, а ласерскиот дел од вашиот третман ќе трае само неколку минути. Точна проценка за времето потребно за да се заврши третманот, ќе се даде по прецизниот преглед кога стоматологот кој го води Вашиот случај ќе разговара со вас за вашиот индивидуален план за лекување.

Не. Таа е слична како и традиционалната метода. Факторите кои влијаат на цената на третманот се директно поврзани со сериозноста на Вашата болест, како и колку заби се вклучени во третманот.

Со употребата на ласерот при парпдонталниот третман стоматолозите се во состојба да спасат многу заби кои во друг случај би биле извадени, меѓутоа тоа многу зависи и е тесно поврзано со тежината на заболеност на Вашите заби.

Нетрпеливо го очекуваме Вашето прашање! Поврзете се со нас преку Facebook, е-пошта или пополнете го нашиот формулар.

Ви благодариме!