Што е ласерска Стоматологија?
Звучи како да разговараме за стоматолог од некоја друга галаксија меѓутоа ласерите имаат многу голема практична примена во реалниот свет и модерната медицина вклучувајќи ги и стоматолошките тераписки процедури.
Доколку размислувате или се двоумите за ласерите во стоматологијата еве неколку одговори во врска со предностите и недостатоците на ласерската стоматологија со цел полесно да се разбере и прифати третманот кој Ви се нуди.
Често поставувани прашања – FAQS?
Постојат повеќе типови на ласери кои можат да ја олеснат и подобрат секојдневната стоматолошка пракса, но за полесно разбирање ќе ги поделиме на три типа: едни – кои се користат за сечење на меки ткива (на пр.гингивата); други – кои сечат тврдо ткиво, како што е коската и забите; и трети- кои се користат за биостимулација.
Ласерите можат да се користат во многу стоматолошки процедури, како што се:
- Продолжуање на коронките
- Лекување на заболени рани
- Корекција на јазични или устни врски
- Отстранување на кариес
- Рекунтурирање на гингивата и препарација на заби
- Отворање на оперативно поле за екстракција на умник
Ласерската Стоматологија вистински го менува светот во однос на тоа како се гледа на стоматологијата денес. Постојат повеќе предности од користењето на ласерите во стоматологијата вклучувајќи ги и следните:
- Минимално инванзивни процедури
- Побрзо време на заздравување
- Практично безболни процедури, идеални за бремени жени кои имаат чувствителни непца
- Идеално за деца или луѓе кои имаат страв од стоматолог
- Поголема прецизност
- Генерално не се употребува анестезија или шиење
- Нема дупчење или звуци предизвикани од конвенционалните дупчалки
- Намален ризик од инфекција
- Намалено крварење или оток
Повеќе од јасно е дека ласерот може да биде извонредно корисен во стоматологијата. Сепак, постојат некои ситуации кога ласерите не можат да се користат. Тие се:
- Ласерите не се употребуваат кај заби кои имаат постоечки пломби
- Ласерите не можат да сечат стари коронки или мостови
- Ласерите не се користат при пополнување шуплини меѓу забите или во големи области на распаѓање
Ласерската Стоматологија е иновативен тип на стоматолошка грижа која ги менува перспективите во однос на тоа како ги препознаваме денешните стоматолошки третмани. Добро обучени стоматолзи во оваа технологија, среќни се што можат да ја понудат ласерската стоматологија на своите пациенти, бидејќи станува збор за поудобно искуство.
Ласерската Стоматологија ја елиминира потребата од користење на ротаторни инструменти за отстранување на забна супстанца или за шиење по сечење на меко ткиво со скалпел, и како таква претставува безболна метода во стоматолошкот третман. Токму поради тоа, ласерската стоматологија е најдобрата опција за пациенти кои имаат страв од стоматолог.
Ласерската Стоматологија го отстранува кариесот, го реставрира забот и здравјето на гингивата (жлебината). Ја намалува потребата од анестезија дозволувајќи им на стоматолозите да ги таргетираат тврдото и мекото ткиво. Третманот е безболен.
Секако дека одговорот е ДА. Покрај тоа, постојат сертификати кои демонстрираат широко познавање на вештини вклучувајќи не само за теорија и безбедност, но, исто така покажуваат и техники за користње на ласер. Вашиот стоматолог мора да биде искусен во работата со стоматолошкиот ласер. Не прифаќајте третмани од стоматолози кои немале адекватна едукација и тренинг поврзана со ласерска стоматологија! (Доколку сте стоматолог и сте заинтересирани за едукација и тренинг со стоматолошки ласер Ве молиме кликнете овде… )
Концептот на ласери за прв пат беше предложен од Алберт Ајнштајн. Кратко време по пронаоѓањето на ласерите во раните 1960-ти експериментално се користеа на забите и гингивата (жлебината). Ласерите веќе долго време се стандард на нега во медицината, за многу хируршки и козметички процедури како што се LASIX, отстранување на брчки, отстранување на влакна и многу други.
Топлината и вибрациите се причините за поголемиот дел од болките поврзани со стоматолошкиот третман. Ласерската стоматологија (со Ербиум технологијата ) ја комбинира ласерска енергија со возду- воденспреј (процес наречен Хидрофотоника) за поудобно изведување на широк спектар на забни процедури. Постојат 2 причини за ова:
- Ласерската енергија, во добро обучени раце, ги прави забите помалку чувствителни
- Ласерското сечење комбинирано со воздух-вода не пренесува топлина или вибрации
Како резултат на тоа, LiteTouch Er: YAG ласерот е во состојба да го замени традициналното дупчење(препарирање) во многу случаеви поврзани со разни стоматолошки третмани, да го елиминира звукот од стоматолошките ротаторни инструменти и наместо тој се појавува звук на пукање сличен на оној на пуканките. Елиминацијата на непријатните звуци и вибрациите, во комбинација со Хидрофотоника, ја прави ласерската стоматологија секако поудобна и дефинитивно вистински Ваш избор.