Нискоенергетска ласерска терапија (LLLT – Low-level Laser Therapy) или фотобиомодулација во стоматологијата
Оваа терапија се врши со нискоенегетски ласери и наоѓа голема примена во лекувањето на рани, мекоткивни повреди и менаџирање со болка. Ова е форма на светлосна терапија со перформанси помали од 500 миливати, 35 џули/см2 или 600-1300 нанометри бранова должина. Претставува нетермална реакција која ги буди ендогените хромофори (Хромофор е дел од молекулата одговорна за нејзината боја. Молекулата апсорбира одредени бранови должини на видливата светлина, а останатите бранови должини ги пропушта или рефлектира што се забележуваат како нејзина боја) да стимулираат промени во биолошките поцеси во клетката со кои многу се забрзува заздравувањето на раните, регенерацијата на ткивата, воспалението и болката се намалуваат и се врши имуномодулација.
Во стоматологијата LLLT се користи во:
- третман на афти
- намалување на пародонталното воспаление
- третман на чувствителни заби
- локален аналгетик
- забрзување на коскеното поврзување (остеоинтеграција) со денталниот имплант
- забрзување на движењето на забот/ите во ортодонцијата
Табела на орални и максилофацијални индикации за LLLT
Специјалност | Апликација | LLLT ефект |
Ендодонција | Дентинска хиперсензитивност | Ја намалува контактната и термичката чувствителност |
Пулпа | Го подобрува создавањето на дентин во пулпата на забот
Стимулира HDP клеточна минерализација |
|
Максилофацијална | Остеонекроза предизвикана од употреба на Бифосфонати | Ја намалува болката, отокот и го подобрува заздравувањето |
Намален раст на мандибулата предизвикан од нарушена остеогенеза | Ја подобрува градбата на трабекулите и осификацијата
Стимулира формација на клетки во кондиларната регија Ја подобрува остеогенезата |
|
Нарушена функција на темпоро-мандибуларниот зглоб | Ја намалува болката
Го подобрува опсегот на мандибуларното движење |
|
Траума на/во мандибулата | Го подобрува заздравувањето на коската | |
Орална патологија | Синдром на печење во устата | Ги намалува симптомите и болката |
HSV | Го подобрува заздравувањето и ја намалува рекурентноста | |
Lichen planus | Ја намалува големината на лезијата
Сличен ефект со кортикостероидите |
|
Воспаленија на оралната слузокожа / mucositis | Ја намалува инциденцата, времетраењето и јачината | |
Xerostomia / сува уста | Регенерација на епителни клетки во плунковните жлезди
Го подобрува истекот на плунката и нејзините антимикробиолошки карактеристики |
|
Орална хирургија | Заздравување | Го подобрува заздравувањето после гингивектомија и го намалува воспалението |
Парестезија/алевеоларен нерв | Improved mechanical sensory perception
Ја подобрува механичката сензорна перцепција |
|
Екстракција на умник | Reduced pain, reduced swelling, improved trismus
Ја намалува болката, отокот и го подобрува тризмусот (вкочанетоста) |
|
Ортодонција | Ортодонтска болка | Ја намалува и го забрзува ремоделирањето |
Титаниум импланти | Го подобрува заздравувањето, врската и остеоинтеграцијата | |
Забна подвижност | Го забрзува движењето за забот/ите
Ја подобрува активноста на остеобластите/остеокластите Го подобрува таложењето на колагенот |
|
Детска | Препарација на кавитет
Намален раст на мандибулата Гингивит |
Ја намалува болката и го забрзува оздравувањето |
Пародонтологија | Хроничен гингивит | Го намалува воспалението и го подобрува заздравувањето |
Пародонтален лигамент | Ја зголемува раната хијалинизација | |
Пародонтопатија | Го намалува губитокот на коската при состојба на пародонтален џеб | |
Протетика | Стоматит предизвикан од протеза | Ги намалува габичните колонии, а со тоа и воспалението |
Импланти | Стимулира коскен развој, ја подобрува остеоинтеграцијата |