ПРОЦЕНКА НА ИНДИВИДУАЛЕН РИЗИК ПРОФИЛ ЗА ПАРОДОНТАЛНА БОЛЕСТ

Прашалникот е дизајниран со цел да Ви помогне Вам и на вашиот стоматолог да ги идентификувате факторите кои можеби го зголемуваат ризикот за појава на болест на непцата/гингивата кај вас. Пополнете го прашалникот и кликнете на линкот подолу, со цел да ги споделите добиените резултати со некој од нашите стоматолози. Ќе ни биде задоволство лично да Ве контактираме!

Проценката на ризикот вклучува утврдување на: ризик фактори (пушење, дијабетес, микроогранизми), ризик детерминанти (генетски фактори, возраст, пол, социоекономски статус, стрес), ризик индикатори (ХИВ/СИДА, ретки посети на стоматолог, остеопороза) и ризик маркери (претходна историја на пародонтална болест, гингивално крварење). Сите овие елементи или можат да ве предиспонираат за појава на пародонтална болест или можат да влијаат на прогресијата на болеста која веќе постои. И во двата случаи, може да биде потребна модификација на прогнозата и планот за лекување.

Воедно, Ве молиме да забележите дека оваа алатка служи исклучиво како водич за вашиот ризик од заболување на гингивата. Можно е да ја имате болеста и без да имате главни симптоми за неа. Затоа, редовните посети се многу важни!

[ezfc id='3' /]

0-8 – Низок ризик       9-16 – Среден ризик        17-24 – Висок ризик

0-8 – Низок ризик     

 9-16 – Среден ризик       

17-24 – Висок ризик

ЗАБЕЛЕШКА: Овој прашалник служи исклучиво за информациски цели и целта со него е да се промовира грижата за оралното здравје. Тој во никој случај не претставува замена за парадонтолог кој најдобро ќе ви објасни како правилно да се грижите за Вашето орално здравје.

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД И КОНСУЛТАЦИЈА