Успешноста на секоја стоматолошка ординација се мери според тоа колку коронки се произведуваат или колку импланти се поставуваат. Тоа е така бидејќи преку овие две терапевтско-ортопедски помагала се акумулираат повисоки финансиски коефициенти. Сконцентрирани на тие параметри, повеќето од нас стоматолозите, занемаруваме еден голем факт, а тоа е едукацијата за оралното здравје и превенцијата. Да појасниме: тоа се проблемите поврзани со оралното здравје, перимплантитите и парадонталната болест кои земаат замав и доколку не се третираат според соодветни протоколи, пациентите ги остава без заби, без импланти и со големи коскени дефекти. Постојат многу примери во кои, со индивидуални третмани, забите и имплантите може да се зачуваат за да се продолжи со дополнително имплантирање, вградување на вештачки коски итн., водени од други причини. Со развиена технологија и современа модерна медицина, постојат многу начини перимплантитите и парадонталната болест да се лекуваат и да бидат излекувани.

Една од најразвиените методи е со имплементирање на ЛАСЕРСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА. Таа технологија претставува иднината на модерната неинвазивна стоматологија. Не само во борбата против парадонталната болест, ласерската стоматологија на светско ниво зазема се поголемо место и во борбата со инфекциите поврзани со имплантите. Нема подобар избор за лекување на перимплантитите со ласерски третман.  Научно е потврдено дека со тоа се врши најдобра дезинфекција и стерилизација и го стабилизира околното ткиво (коската и гингивата). Ласерите денес се првата алатка во естетската стоматологија. Дали за продолжување на коронките со замена на скалпелот, дали за бондирање или белење на забите, ласерската стоматологија е првиот избор на сите врвни професионалци и докажани светски стручњаци. Во ортодонцијата исто така ласерскиот третман е најупотребуван во безболното кондиционирање на забите или отстранување на брикетите. Во реставративната стоматологија при пломбирање или превенција од кариес со залевање на фисурите кај децата, ласерот како безболно метода е на првото место. Во оралната хирургија ласерот се употребува за резови или за безболно и најлесно отстранување на израстоци или други тврдо/меки ткива. Тој е неодминлив и во дијагностиката за рак во усната шуплина… Накратко, нема граница на тоа каде се може да се имплементира ласерската стоматологија.

Пред да продолжиме, да ги поставиме клучните прашања поврзани со примената на ласерот: Дали е етички или професионално да се протезира врз заби или во уста каде оралната хигиена е на многу ниско ниво или воопшто ја нема? Дали не треба најпрвин да се направи комплетна санација на одредени патогени материи кои ја усложнуваат секоја интервенција, особено ако е поврзана со протезирањето и имплантологијата? Дали сите заби биле или се за вадење?

Пациентите, разбирливо, секогаш се многу упорни и настојчиви при стоматолошките интервенции, посебно при протетското протезирање, а од стоматолозите се бараат кратки рокови за изработката на вештачките коронки. Некои колеги дури го нагласуваат својот бизнис-пристап дека на пациентот ќе му се изработат протезите за 24 часа или за 2-3 дена. Да,  не е никаков проблем тоа денес да се направи, бидејќи со примената на дигиталната стоматологија, компјутерите и машините, тоа е изводливо. Меѓутоа, што се случува со раните направени од нашите сврдли во гингивата и во околниот лигамент? Што се случува со раните од извадените заби? Дали гингивата и околниот лигамент ќе се повратат во нивната првобитна состојба? Дали таа воопшто била здрава пред да се почне со припремата за мерките? Дали на секој од нас професионалците тоа му е важно или пристапуваме од други побуди, негледајќи ги сите здравствени параметри кои во иднина ќе ни ја комплицираат и искомпромитираат нашата работа? А пациентот? Тој ќе ја добие протезата или имплантите, меѓутоа дали ќе го добие назад здравјето на ткивата? Овде, според нашите искуства во имплантирањето, треба само да се отстапи кога има многу запоставена хигиена во устата, расклатени заби, стари коронки и мостови кои се цементирани врз кариозни заби или врз заби со наталожени материи од различно потекло и каде гингивата е доста повлечена, а некаде зацрвенета и инфламирана. Во такви случаи, индицирани според евалуација на стоматологот, може да се направи целосна екстракција и имедиантна имплантација. Овде правилото е дека нема правила, потребно е само беспрекорно да се следат протоколите на имплантирање.

Нашите искуства докажуваат дека во најголем процент ткивото закрепнува одлично, а имплантатите се солидно коскено интегрирани. Протетскиот дел или протезата е индивидулно право на секој стоматолог дали ќе ја стави веднаш или ќе почека неколку месеци. Во тој дел ласерската стоматологија може да направи значајни промени во однос на дезинфекцијата и стерилизацијата на местото на имплантирање или на раните од извадените заби или инфламираната гингива. Понатамошната биостимулација со ласер е само дополнителен плус во заздравувањето на целото околно ткиво.

Ласерската стоматологија е научно докажана во однос на биолошкото заздравување на ткивата. Доколку треба да се направи хируршки рез, а тоа се изведе со ласер, во тој случај заздравувањето е беспрекорно. Се разбира, на пациентот мора да му се дадат информации пред и после третманот, а најмогу во врска со одржувањето на оралната хигиена. Ова, последново, е најбитниот елемент доколку сакаме добро завршена работа. Доколку не се направи тоа, работата на голем број стоматолози може да биде компромитирана.

Поентата е: да дадеме придонес во нашата работа и да направиме еден turnover point. Редно е ние, стоматолозите, малку да ја оставиме естетската стоматологија, имплантологијата, протетиката итн. и да се навратиме на базата т.е. малку повеќе да се занимаваме со превенцијата во оралното здравје. Да ја подигнеме свеста, да направиме притисок врз нашите пациенти да четкаат, да доаѓаат на редовни контроли, да им правиме професионално чистење на забите и на ткивата, да употребуваме максимално неинвазивни методи, по примерот на ласерската стоматологија, и да бидеме максимално упорни и коректни спрема тоа што сме го учеле, за што сме добиле дипломи, сме дале заклетва, работиме и постојано се доусовршуваме во стоматологијата.

Го менуваме светот на стоматологијата!

За пациентот се работи!

Проф. д-р Ана Миновска                                Прим. д-р Томе Тасевски – МБА

ПОВЕЌЕ